Барселона покажува сериозен интерес за играчот за врска на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Леон Горецка.
Горецка има договор со Баерн до 2022 година и влезе во последната година од договорот, а двете страни се уште се далеку од договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баварците сакаат да го задржат Германецот, но во исто време се плашат дека може да им се повтори случајот со Давид Алаба и играчот да замине без обештетување.
Поради тоа Баерн сака во следните две-три недели да ја реши ситуацијата со Горецка и доколку не стави потпис на нов договор ќе го стави на продажба.
Барселона внимателно ја следи ситуацијата и веќе стапила во контакт со агентот на Германецот, па во наредните денови ќе испрати понуда.
🚨👀 #Barcelona comes forward for Leon #Goretzka. For 🇩🇪 midfielder, expiring in June 2022, no draft agreements with #BayernMunich about contract renewal. 🐓⚽ #Calciomercato #Transfers #Liga #Bundesliga
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) June 27, 2021