Eкипата на Барселона ќе се обиде да го доведе јапонскиот репрезентативец, Даизен Маеда.
Даизен Маеда е млад јапонски играч кој веќе некое време е на радарот на Барселона. Откако со Јапонија дебитираше на Копа Америка, интересот на Каталонците се зголемил пишуваат медиумите во Каталонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за исклучтелно брз и вешт фудбалер кој во Барселона би можел да пристигне на позајмица после што би потпишал долгогодишен договор.
Она што не му оди во прилог е што поради Копа Америка не може да ги одработи припремите со Каталонците.
Интересно е што наскоро во „Ел Класико“ може да гледаме двајца Јапонци на спротивните страни што не се случило подолго време. Ќе потсетиме, Реал Мадрид неодамна го купи Кубо, играч кој исто така беше на радарот на Барселона.
https://www.youtube.com/watch?v=41s93GySI2E