Дома Фудбал Англија Барселона нуди нова трампа, овој пат со Манчестер Сити

Барселона нуди нова трампа, овој пат со Манчестер Сити

Барселона и Манчестер Сити разговараат за размена на играчи.

Како што тврди каталонски „Спорт“, Барса му понудила на Манчестер Сити размена на играчи во која сакаат да го обезбедат потписот на дефанзивецот Ерик Гарсија.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Гарсија е дете на Барселона. Роден е во овој град, но 19-годишниот дефанзивец пред три години одлучи да го напушти клубот и да се пресели во Манчестер Сити.

Сега Каталонците ќе се обидат да го вратат. Спорт пишува дека Барса понудила размена, а подготвени се на Граѓаните да им го отстапат Нелсон Семедо.

За оваа зделка да биде реализирана, Сити во Шпанија би го испратиле и Кансело, кој пред три години пристигна во клубот од Јувентус.

Ќе биде интересно да се види дали на крајот Сити ќе се согласи на ваква размена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чекањето за трофеј заврши, Тотенхем ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија УЕФА Лига Европа, откако во големото финале во Билбао г…