Барселона е исклучително активна на трансфер пазарот и ова лето потроши најмногу пари за трансфери.




Каталонскиот гигант до сега потроши 158 милиони евра, но тоа не е крај. Имено, Чави сака да ја засили левата бековска позиција, а негова желба е играчот на Тотенхем.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Станува збор за шпанскиот репрезентативец и поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Регулион.




Регулион не е повеќе во плановите на Антонио Конте и Тотенхем го стави на трансфер листа, па Барселона сака да ја искористи таквата ситуација.




Шпанските медиуми пренесуваат дека Регулион може да пристигне на „Камп Ноу“ на позајмица со право на откуп следното лето за 25 милиони евра.