Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо на „Камп Ноу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Олмо е дете на „Ла Масија“ од каде замина во Динамо Загреб, а веќе неколку сезони игра одлично во Лајпциг.
Шпанецот сака да се врати на „Камп Ноу“, но проблем е што Барселона има фанансиски проблеми па не можеше да го откупи ова лето.
Каталонците на крајот успеаа да го донесат Жоао Феликс на позајмица, па доколку не успеат да го откупат Португалецот на лето ќе се свртат кон Олмо.
Цената на Феликс во моментов е околу 90 милиони евра, додека Барселона може да го доведе Олмо за половина од таа сума.