Како што пренесуваат шпанските медиуми Барслеона е серозно заинтересирана за бразилскиот репрезентативец и член на Гванжу Евергранде, Паулињо.
28-годишниот поранешен играч на Тотенхем се најде на списокот на каталонскиот гигант, а според последните информации започнати се и преговори за негов трансфер на „Камп Ноу“.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Паулињо после неуспешната епизода во Тотенхем се пресели во Кина каде веќе две години ги брани боите на Гванжу, со кого до сега освои 6 трофеи, а притоа остана стандарден во бразилската репрезентација.
Барселона во Паулињо гледа замена за Арда Туран и Андре Гомез, за кои се поизвесно е заминувањето од клубот.
Познато е дека Паулињо беше на радарот на Барселона уште во 2013 година, но тогаш Бразилецот се пресели во Тотенхем.