Дома Топ вести Барселона мора да му плати 52 милиони евра на Пике

Барселона мора да му плати 52 милиони евра на Пике

Високата плата на дефанзивецот Жерар Пике ја спречува Барселона да пријави нови играчи, пренесуваат каталонските медиуми.

Каталонскиот клуб мора да плати 52 милиони евра на 35-годишниот Шпанец во сезоната 2022/23. Во оваа сума се вклучени платите пред оданочување, одложените плаќања поради пандемијата на коронавирус, како и дел од надоместокот на кој дефанзивецот се согласил да го добие подоцна, за да помогне во пријавувањето на играчи во летото 2021 година.

Тогаш Пике се согласи на одложување на повеќе од 70% од доспеаните исплати.

Оваа недела беше одржан состанок помеѓу претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и спортската управа со дефанзивецот и неговиот претставник Артуро Каналес. На Пике му беше објаснето дека сумата од 52 милиони евра е превисока и клубот побара таа да се намали.

Во исто време, Пике сака да остане во Барселона, и покрај силната конкуренција во тимот во одбраната. Затоа раководството на каталонскиот клуб го повика дефанзивецот да се согласи на намалување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тухел: Конте е одличен стратег, но не му верувам

Во недела се игра првото дерби во Премиер лигата, Челзи ќе го пречека Тотенхем. Ривалите о…