Дома Фудбал Барселона купи 17-годишен тинејџер и му стави откупна клазула од 400 милиони евра

Барселона купи 17-годишен тинејџер и му стави откупна клазула од 400 милиони евра

Барселона потпиша договор со 17-годишниот турски тинејџер Емре Демир.

Демир во Барселона пристигна од турски Кајсериспор за два милиони евра и клазули за одредени бонуси. Со каталонскиот гигант потпиша договор до 2027 година со откупна клазула од 400 милиони евра. Сезонава Демир прво ќе игра за Барселона Б.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Барселона денес од 22:00 часот ја чека натпревар во Ла Лига против Кадиз и во случај на кикс мнгоу лесно може да се случи Роналд Куман да добие отказ.

Најголем фаворит за медиумите во Каталонија е клупската легенда Чави Ернандез кој трета сезона собира искуство во катарскиот Ал-Сад. Многумина се убедени дека порано или подоцна ќе седне на клупата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Антони: Само јас знам колку тешко ми беше во Манчестер Јунајтед

Бразилскиот офанзивец Антони во 2022 година пристигна во Манчестер јунајтед како едно од н…