Дома Фудбал Барселона и Гетафе играле помалку од еден час

Барселона и Гетафе играле помалку од еден час

Барселона вчера одигра само реми 0:0 против Гетафе во првиот натпревар од сезоната, а критики кон главниот судија по завршувањето на натпреварот испрати тренерот Чави.

Чави помеѓу останатото се жалеше и на честото сецкање на времето.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ни нанесоа голема неправда, ова е срам за Ла Лига. Продуктот што Примера го нуди е патетичен. Не е ни чудо што никој повеќе не сака да гледа шпански фудбал. Навистина сум бесен“, гласеше неговата изјава.

Анализите кои се појавија во шпанските медиуми покажуваат дека оваа критика на Чави е сосема оправдана. Вкупно на „Алфонсо Перез“ вчера се играа 116 минути, додека ефективна игра имаше нешто над 56 минути. Oва значи дека топката мирувала 60 минути и 43 секунди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Очекувано: Јамал е „Златното момче“ за 2024 година

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е добитникот на наградата „Златно момче“ за 2024 година…