Бројни тимови го сакаат во своите редови, а сега во трката наводно се вклучува и Барселона.
Екипата на Рома би можела да извлече „џекпот“ во финансиска смисла доколку се одлучи да го продаде младиот турски репрезентативец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ченгиз Ундер го привлече вниманието на европските гигнати, а сега изгледа и Барселона се вклучила во трката со Баерн, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челзи кои стоја во редот за крилниот напаѓач.
Барселона испратила еден од своите скаути да го следи 21 годишниот крилен напаѓач. Меѓутоа Ундер одигра навистина лошо против Фиорентина и беше главен виновник за постигнатиот гол на „виолетовите“, но тоа е само еден лош ден.
Каталонците и понатаму го следат овој млад напаѓа, наскоро според информациите се очекува и првата понуда.
Ундер во Рим пристигна од Башакешир за 13.4 милиони евра. Оваа сезона постигна три погодоци и запиша пет асистенции на 12 натпревари. Сега сигурно дека би можеле да го продат за барем 3-4 пати поголема сума.