Дома Топ вести Барселона е нов шампион на Шпанија!

Барселона е нов шампион на Шпанија!

Со вечерашната гостинска победа над Депортиво со 2:4, Каталонците ја осигураа 25. титула во шпанската Ла Лига.

Барса тргна офанзивно и веќе во седмата минута поведе со 0:1 преку голот на Фелипе Кутињо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кога Меси во 38. минута погоди после одличната асистенција на Суарез се чинеше дека Депортиво нема што да бара вечерва, но домаќините се вратија во игра.

Перез во 40. минута намали на 1:2, а во 64. минута Чолак погоди за израмнување.

Сепак, до крајот на натпреварот на сцена стапија Суарез и Меси. Уругваецот два пати асистираше, а Аргентинецот уште два пати погоди и ја заврши работата во овој натпревар за конечни 2:4.

Депортиво со овој пораз дефинитивно ги загуби сите шанси за опстанок и од наредната сезона ќе игра ранг подолу заедно со Малага и Лас Палмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“ од Островот: Осимен потпишал петгодишен договор вреден 75 милиони евра!

Наполи сѐ уште е сопственик на договорот со Виктор Осимен, фудбалер кој блеска каде и да п…