Дома Топ вести „Барселона е како легија на странци!“

„Барселона е како легија на странци!“


Кој ќе освои трофеј во Бундеслигата, а кој ќе испадне од Премиер лигата!? ↓↓↓



Бразилскиот фудбалер Даглас Переира раскажа за тоа како му било тешко во Барселона. Бразилецот е сега член на Спортинг Хихон, а во Барса стигна во 2014 година од Сао Паоло.

За своите две години додека беше во Барселона одигра само 12 минути и од медиумите беше прогласен за една од најголемите трансфер грешки на каталонскиот клуб.

„Од мал сонував да станам фудбалер. Знаев дека нема да биде лесно, но успеав во тоа. Во Барса имав тежок период со повреди и секој ден си доаѓав дома со плачење. Но, научив да се носам со тоа“, изјави Даглас.

„Имаше луѓе кои многу се противеа за тоа што јас сум во клубот, а со повредите кои ги добив тоа во мојата глава креираше хаос. Се чувствував како да сум во легија на странци, но останав силен поради семејството и луѓето кои ме сакаат“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тренерот на Дортмунд низ солзи: Ова не е фер!

Кој ќе освои трофеј во Бундеслигата, а кој ќе испадне од Премиер лигата!? ↓↓↓ Борусија Дор…