Oва лето интезивно се шпекулира дека Нејмар може да се врати во Барселона, а преговорите се од поодамна во тек.
Нејмар на големо се поврзува со трансфер, а Тухел денес изјави дека Нејмар може да замине ако клубот му доведе замена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, францускиот „Ле Парисиен“ смета дека се е една обична фарса.
Овој француски медиум ја обвини Барселона дека „глуми“ интерес за Нејмар.
Според тврдењата на „Ле Парисиен“Барселона сака да создаде лажна слика дека сака да го врати Нејмар за да ја смири својата првата ѕвезда, Меси.
Меси наводно му соопштил на Валверде дека сака да го види Нејмар на „Камп Ноу“ после што управата на Барселона пласираше информација во јавноста дека сака да го врати Нејмар, а всушност не испратиле ниту една официјална понуда на адреса на ПСЖ.