Дома Топ вести Барселона во центарот на скандал во Шпанија – полицијата го истражува натпреварот!

Барселона во центарот на скандал во Шпанија – полицијата го истражува натпреварот!

Фудбалерите на Барселона Б со 12:0 ги победија и расплакаа противниците од Елденсе, што претставува рекордна победа во третата шпанска лига.

Меѓутоа, после последниот судиски свиреж продолжи агонијата на фудбалерите на Елденсе, бидејќи клубот одлучи дека нема да игра натпревари до крајот на сезоната. После овој пораз клубот секако испаѓа во понизок ранг.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Покрај тоа, клубот основан уште во 1921 година одлучи да се откаже од сите спортски активности и да го раскине договорот со италијанските инвеститори бидејќи се сомнева во местење натпревари.

Луѓето од клубот ангажираа истражители и се обратија за помош до полицијата со цел да откријат дали натпреварот е навистина наместен. Претседателот смета дека е невозможно да се примат 12 гола од Барселона Б бидејќи каталонскиот тим беше без тројцата најдобри фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…