Дома Фудбал Лига на шампиони Барселона во еден сегмент е лидер во историјата од Лигата на шампионите

Барселона во еден сегмент е лидер во историјата од Лигата на шампионите

Тимот на Барселона измината вечер во Лигата на шампионите го победи ПСВ и така го обезбеди првото место во групата Б во Лигата на шампионите.

На тој начин каталонскиот гигант стигна до својот 20-ти триумф во групната фаза во најелитното европско натпреварување, откако се игра во ваков формат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со тие 20 први места, Барселона е рекордер во овој сегмент, но импресивен е податокот што почнувајќи сезоната 2007/2008 Барселона 12 пати во низа била победник на групата.

Кога во прашање е пласманот во следната фаза, Барселона не пропуштила нокаут рунда уште од сезоната 2004/2005.

Зад Барселона во овој сегмент (освојување на групата) следуваат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед со по 16.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шеф на Лион за Ендрик: Колку повеќе игра, толку помалку плаќаме на Реал Мадрид

Техничкиот директор на Лион Матијо Лиу-Жан се пофали со поволната структура на заемот, со …