Барселона нема намера да се раздели со резервниот голман Каспер Силесен за сума помала од откупната клаузула, пренесува „АС“.
Ова лето многу европски клубови беа заинтересирани за холандскиот голман, но Каталонците го убедија да остане на „Камп Ноу“, а сега за неговата слобода бараат 60 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема никакви преговори. Сакаме Силесен да остане во клубот. Ги имаме двајцата најдобри голмани во светот“, изјавија од Барселона.
Каталонците знаат дека нема да им биде лесено да најдат втор квалитетен голман кој ќе биде резерва, па сакаат да го задржат Силесен по секоја цена.
Поради тоа сите заинтересирани клубови кои го сакаат голманот ќе треба да ја платат откупната клаузула која изнесува 60 милиони евра.