Главна трансфер цел на Манчестер Јунајтед и понатаму е дефанзивецот на Барселона Самуел Умтити, пренесуваат шпанските медиуми.
Според „Диарио Гол“, „црвените ѓаволи“ се решени да го привлечат дефанзивецот, особено поради фактот што Французинот има релативно ниска откупна клаузула која изнесува 60 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јунајтед нема проблем да ја плати таа сума и наводно веќе доставил понуда до неговиот агент за петгодишен договор „тежок“ 6 милиони евра по сезона.
Токму затоа Каталонците со сите сили се обидуваат да го продолжат договорот со Умтити. Од „Камп Ноу“ сакаат новиот договор да биде формализиран што е можно побрзо и во него да има повисока откупна клаузула.
Сепак, проблем за Барселона е што не може да ја израмни понудата од Јунајтед и да му понуди на фудбалерот 6 милиони евра по сезона, па сега се е во рацете на Умтити.