После веста дека Жозе Мурињо спремил 110 милиони евра за Герет Бејл, од Шпанија ни пристигнува нова интересна вест поврзана со продажба на фудбалер на Реал Мадрид и тоа не во било кој клуб туку во Барселона.
Наводно, Барселона има намера да го доведе фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио и за неговите услуги е спремна да понуди огромни 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Асенсио договорот со Реал го продолжи минатото лето и во истиот беше вметната клазула според која тој може да го напушти клубот доколку некој клуб понуди 80 милиони евра, сумата која Барселона е спремна да ја плати. Во тој случај, како што е познато клубот од Мадрид не би се прашувал ништо.
Медиумите шпекулираат и дека на управата на Реал би можело и да и одговара ваков развој на ситуацијата со оглед на тоа што доколку навистина го доведат Килијан Мбапе ќе мора да издвојат 180 милиони евра.