Дома Топ вести Барса спрема нова мега-понуда за Кутињо!

Барса спрема нова мега-понуда за Кутињо!

Раководството на Барселона не се откажува од намерата да го донесе Филипе Кутињо на „Камп Ноу“ и спрема нова мега- понуда во зимскиот преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“.

Каталонскиот весник кој е близок до Барселона на својата насловна страна ја објави веста за Кутињо, изместувајќи го дури и Жерар Пике, кој е вест број еден во Каталонија.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Имено, каталонскиот клуб во јануари ќе испрато нова понуда до Ливерпул за Кутињо тешка 110 милиони евра, или поточно 80 милиони во кеш плус 30 милиони како бонуси.

Барселона цело лето се обидуваше да го доведе 25 годишниот Бразилец, но Ливерпул ги одби сите понуди.

Останува да видиме како ќе реагираат „црвените“ на најновата понуда од Барселона, но тешко е да се поверува дека ќе го пуштат својот најдобар фудбалер на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…