Дома Топ вести Барса почна преговори со Кристенсен и Аспиликуета

Барса почна преговори со Кристенсен и Аспиликуета

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен и сака да го донесе на „Камп Ноу“.

Челзи не може да се договори со Кристенсен за нов договор и преговорите се во застој во моментов. Неговиот договор со „сините“ истекува во јуни и тој сега е слободен да преговара со други клубови.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе почнала преговори со агентот, па Каталонците се спремни да платат и висока провизија само да го донесат Кристенсен на „Камп Ноу“ без обештетување.

Тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи конкуренцијата е голема, но Барса сака што поскоро да се договори со дефанзивецот и да стави потпис на преддоговор.

Слична е ситуацијата и со Аспиликуета, кој исто така може како слободен агент на лето да се пресели на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан го договори „новиот Пирло“

Милан е во пол-позиција за потписот на ѕвездата на Торино и италијански репрезентативец, С…