Како што пренесуваат каталонските медиуми раководството на Барселона е заинтересирани за двајца фудбалери на Саутемптон.
Барселона е во потрага по десен бек и тоа ќе биде приоритет во летниот преоден рок. На листата желби е Сердик Соареж, одличниот десен бек кој со Португалија стана европски шампион минатото лето.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Соареж игра одлично во Премиер лигата, во дресот на Саутемптон и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Барса сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Камп Ноу“.
Медиумите тврдат дека Каталонците во пакет со Португалецот сакаат да го доведат и својот поранешен играч Ориол Ромеу.
Ромеу е производ од школата на Барселона, но веќе неколку години игра во Премиер лигата. Раководството на Каталонците смета дека ќе биде одлична алтернатива за Серхио Бустетс.