Во недела тимот на Барселона ќе го одигра првиот натпревар во 2019 година и ќе му гостува на Гетафе во рамките на Примера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Каталонците ги очекува тежок меч, не само што противникот игра добро оваа сезона, туку треба да се борат со традицијата и лошата статистика во првите натпревари од годината.
Барселона последен пат со победа ја започна 2014 година, кога со 4:0 го победи Елче во Примера. Меѓутоа во следните четири години Каталонците во првиот натпевар запишуваа пораз или реми.
Во 2015 година загубија со 1:0 од Реал Сосиедад на „Аноета“, а следната година одиграа 0:0 против Еспањол. Во 2017 година во првиот меч запишаа пораз од Атлетик Билбао во Купот, а минатата година одиграа реми 1:1 против Селта.
? Que al Barça le cuesta arrancar, aunque sea un momento, a principio de cada año, es demostrable en datos
https://t.co/g3q7ENqPLd— AS (@diarioas) January 3, 2019