Полскиот напаѓач Криштоф Пиатек буквално „експлодираше“ во дресот на Џенова и оваа сезона е најголема Сензација во Серија А.
Клубот од Италија ова лето го ангажираше Пиатек кој жари и пали во италијанската Серија А и после шест одиграни кола веќе има постигнато 8 погодоци и зад себе на листата на стрелци засега остави големи имиња како Игуаин, Икарди, Роналдо, Манџукиќ…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пиатек е вистински хит, постигнува гол на секои 50 минути, па јасно е зошто го привлече вниманието на европските гиганти.
Покрај најголемите италијански клубови силен интерес за Пиатек покажуваат Челзи и Барселона кои го сакат напаѓачот уште во јануари.
Сари не е задоволен од напаѓачите кои моментално ги име во тимот, Жиру и Мората, додека Барселона бара наследник на Суарез кој полека влегува во зрели фудбалски години.
Цената за моментално најдобриот стрелец во Серија А се проценува на 40 милиони евра, сума која споменатите клубови нема да имаат проблем да ја платат.
https://youtu.be/6YbJ0m7hsNU