Некои од најголемите европски клубови полека ги откриваат плановите за зимскиот преоден рок, а помеѓу нив е и каталонскиот гигант Барселона.
Каталонците го открија името на фудбалерот кој ќе биде нивна прва мета во јануари, во прашање е фудбалерот на Марсеј кој веќе го доби прекарот „новиот Зидан“, Максим Лопез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скаутите на Барселона овој 19 годишен фудбалер го следат веќе подолго време, а во јануари тој би можел да се пресели на „Ноу Камп“.
Роберто Фернандез и Урбано Ортега веќе разговараа со агентите на фудбалерот, но управата на Марсеј не е расположена за преговори и продажба на овој фудбалер во јануари.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“ многу повеќе реално е Лопез во текот на наредното лето да пристигне во Барселона како замена за Андрес Иниеста кој ги демантираше најавите дека постигнал договор со каталонците за нов договор и не е сигурен дали ќе остане во Каталонија.
Да потсетиме, Шпанецот ова лето имаше понуда од италијански Јувентус.