Вечерва чекаме уште еден учесник во ¼ финалето од Лигата на шампионите, Баерн во првиот натпревар со „петарда“ го испрати Бешикташ, па останува отворено прашањето – Барса или Челзи?
Пред три недели во Лондон натпреварот заврши со 1:1, голот на Лионел Меси секако им донесе предност на Каталонците, но Челзи не е без шанси.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Во Каталонија сите го паметат ремито на Челзи од последниот меѓусебен дуел (2:2) кога „сините“ ја елиминираа Барса во полуфиналето. Денес не очекува уште еден спектакуларен натпревар.
Ернесо Валверде пред вечерашниот натпревар има само уште една дилеми го чека Андрес Иниеста кој доби „зелено светло“ но нема да ризикува доколку не е 100% спремен.
Осман Дембеле би бил потенцијалното изненадување, каталонските медиуми најавуваат дека Французинот после добриот настап против Малага може да биде стартер и вечерва.
Во тој случај Барселона вечерва прв пат би настапила во најсилен состав во Лигата на шампионите (без Фелипе Кутињо кој нема право на настап).
Барса вечерва би можела да изгледа во следниот состав:
Тер Штеген, Роберто, Пике, Умтити, Алба, Бускетс, Ракитиќ, Иниеста, Дембеле, Меси и Суарез.