Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ открива дека ѕвездата на ПСЖ, Адриан Рабио во два наврати бил блиску до трансфер во Барселона.
Кога Луис Енрике беше тренер на тимот и Андони Зубизарета беше спортски директор, Каталонците покажале интерес за играчот од средниот ред. Но, тогаш Рабио бил амбициозен да игра во првиот тим, а од „блауграна“ не можеле да му го гарантираат тоа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вториот случај беше во летото 2017 година. Кога стана јасно дека ПСЖ и Барса нема да се договорат за Марко Веррати, Каталонците се обиделе да го донесат Рабио, но францускиот клуб ја одбил понудата.
Синоќа 22-годишниот Французин беше еден од најдобрите поединци на ПСЖ против Реал Мадрид и одигра одличен натпревар на „Сантиаго Бернабеу“.