Новиот претседсател на Барселона, Жоан Лапорта планира на лето да го продаде Кутињо, дури и тоа да биде за „дисконтна“ цена.
Главната причина за продажбата се 20-те милиони евра кои Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Во моментов Кутињо има 90 настапи во дресот на Барса, а повредата оваа сезона го спречи да дојде до 100-от настап.
После елиминацијата од ЛШ, тимот на Куман има уште 11 меча до крајот на сезоната, па невозможно е Кутињо да одигра уште 10 меча до крајот на сезоната бидејќи е повреден.
Каталонски „Спорт“ тврди дека Барселона сака за неговата слобода да добие 50 милиони евра, но е спремна да прифати и помала понуда за Кутињо.