Дома Топ вести Барса бара играч „пола Нејмар-пола Иниеста“ – ова се опциите!

Барса бара играч „пола Нејмар-пола Иниеста“ – ова се опциите!

Ова лето Барселона готово сигурно ќе се раздели со Арда Туран, а каталонските медиуми тврдат дека клубот веќе бара замена за турскиот репрезентативец.

Арда Туран беше доведен од Атлетико бидејќо според својот сил на игра може да биде замена и за Нејмар во напаѓачкото трио и за Иниеста на средината на теренот. Сепак, Турчинот не се наметна во каталонскиот клуб и ова лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Интерес за него покажуваат Интер, Арсенал и неколку кинески клубови, а во Барселона се надеваат дека ќе можат да заработат најмалку 25 милиони евра од неговата продажба.

Каталонците сега бараат негова замена, а листата на потенцијални кандидати е долга. На листата се наоѓа и младиот ас на Монако, Бернардо Силва, но се чини дека Барса бара некој поискусен фудбалер на таа позиција.

Едно од идеалните решенија според клубот е германскиот репрезентативец Марко Ројс. Барса уште од 2015 година е заинтересирана за играчот на Дортмунд, а сега се чини конечно ќе има место во тимот за брзоногиот Германец.

Втората опција е Анхел ди Марија од ПСЖ кој не е задоволен со животот во Париз и е спремен да ја промени средината ова лето. Аргентинецот е голем пријател со Меси и одлично се вклопува во профилот кој го бара Барселона бидејќи може да игра и како замена за Иниеста и како замена за Нејмар.

Ди Марија кога премина во Манчестер од Реал Мадрид имаше опција во договорот дека не може да се пресели во Барса, но сега откако се пресели во ПСЖ таа клаузула е избришана.

Третата и најефтина опција е играчот на Севиља, Витоло кој оваа сезона игра фантастично за тимот од Андалузија. 27-годишниот фудбалер има одлична техника, силен е во дуел, умее да одигра во дефанзива, но знае да биде и многи ефикасен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Атлетико тргнува по напаѓачот на Милан

Саму Чуквуедзе минатото лето пристигна како големо засилување за Милан, но до сега не ги о…