Дома Трансфер зона Барела го добива најголемиот договор во Серија А?

Барела го добива најголемиот договор во Серија А?

Еден од најдобрите италијански фудбалери, Николо Барела ќе остане во Интер, пренесуваат медиумите на „Чизмата“.

Фудбалерот од средниот ред на Интер најверојатно ќе остане на „Џузепе Меаца“ уште пет години, до летото 2029 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барела треба да потпише нов договор оваа недела пред почетокот на Европското првенство каде Италија ќе го брани златото.

Барела пристигна во редовите на Интер во 2020 година од Каљари и со овој клуб освои две Скудета и Куп на Италија. Според новиот договор, 27-годишниот фудбалер треба да стане најплатен во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…