Енис Барди и оваа сезона игра одлично, а минатата недела како награда доби нов подобар договор.
Македонскиот мајстор за слобдни удари по потпишувањето на договорот сега имаше и интервју за реномираниот весник со седиште во Валенсија „Супердепорте“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не се плашам што ме сметаат за добар изведуваш на слободни удари. Знам дека треба да се подобрам во некои сегменти, секогаш може подобро. Прекините не се најважни, со нив може да донесам победа на неколку натпревари, најважно е како ќе игра тимот. Само слободните удари не се доволни за успех“, изјави Барди.
И самиот фудбалер чуствува дека фановите очекуваат скоро секој слободен удар во опасната зона да го претвори во погодок.
„При секој слободен удар сум сконцентриран да го дадам најдоброто. Не секогаш излегува онака како што сум очекувал. Не смееме да заборавиме дека слободните удари не се пенали“, истакна македонскиот фудбалер.