Дома Фудбал Барди добива нов договор во Леванте со поголема плата и нова откупна клазула

Барди добива нов договор во Леванте со поголема плата и нова откупна клазула

Maкедонскиот фудбалер Енис Барди имаше одлична дебитантска сезона во најсилната конкуренција во Ла Лига, па Леванте секако дека сака да го задржи во своите редови.

Според информациите од Шпанија, Леванте сака побрзо да постигне договор со Барди за продолжувње на соработката со што Барди би добил и поголема плата. Покрај тоа дури двојно повеќе би се зголемила и неговата откупна клазула.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Во овој момент Барди може да го напушти Леванте доколку некој клуб понуди 25 милиони евра. Во Леванте се свесни за неговиот квалитет, па сакаат новата клазула во неговиот договор да изнесува 50 милиони евра.

Кога во прашање се примањата на Барди тој во овој момент добива околу 500.000 евра годишно и според тоа е помеѓу најмалку платените фудбалери на овој клуб, а со игрите од минатата сезона покажа дека залужува повеќе, па клубот е спремен да го награди.

Барди со Леванте во првото коло од Ла Лига ќе се сретнат со тимот на Реал Бетис наредниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична вест за навивачите на Реал: Напаѓачот кој блескаше летово потпиша нов договор!

Надежниот шпански фудбалер Гонзало Гарсија, кој летово оствари импресивно настап на Светск…