Дома Фудбал Останато Балотели конечно го дочека повикот кој го чекаше со нетрпение

Балотели конечно го дочека повикот кој го чекаше со нетрпение

Поранешниот голем талент на светскиот фудбал, Марио Балотели повторно ќе добие повик во репрезентацијата на Италија, пренесува ова утро „Corriere dello Sport“.

Популарниот Супер Марио игра многу добро оваа сезона во дресот на Ница и во досегашниот дел од Лига 1 постигна 13 гола, а тренерот на У21 репрезентацијата на Азурите, Луиџи ди Бјаџо ќе го повика за претстојните натпревари. Потсетуваме, Ди Бјаџо ќе ги води Азурите како привремен тренер во пријателските натпревари против Аргентина и Англија во март, а освен Балотели повик ќе добие и 40-годишниот Буфон, како и Киелини.


Балотели речиси четири години не доби повик во дресот на Италија, а своевремено беше една од главните надежи на Азурите. Вреди да се напомене дека Италија нема да игра на Светското првенство во Русија, откако што испадна во баражот од Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нова мајсторија на Рајс: Арсенал го осигура второто место

Фудбалерите на Арсенал математички го осигураа второто место на табелата во Премиер лигата…