Дома Фудбал Италија Балардини: Сите знаеме кој е Горан, самиот ќе одлучи дали ќе продолжи

Балардини: Сите знаеме кој е Горан, самиот ќе одлучи дали ќе продолжи

Тренерот на италијанска Џенова два дена откако Горан Пандев стави крај на репрезентативната кариера за италијанските медиуми порача дека сака Пандев да биде дел од неговиот тим во новата сезона.

Балардини и претходно јавно побара Пандев да продолжи да игра, сега одново го убедува да продолжи, сепак потенцира дека самиот треба да реши.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Дали можам да го убедам Пандев да продолжи? Мое мислење е дека треба да игра, но изборот ќе биде негов. Самиот ќе одлучи. Сите знаеме кој е Горан и сигурно дека може да одигра уште една сезона на високо ниво“, изјави Балардини за „Тутопсорт“.

Пандев во калчото има над 450 настапи и во Серија А нема многу странци кои можат да се пофалат со такво си-ви. Во Италија го носеше дресот на Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Едерсон е минато: Гвардиола договори нов чувар на мрежата

Манчестер Сити се подготвува за следната сезона во која ќе се обидат да се вратат на „голе…