Помеѓу милионите фанови незадоволни од формирањето на Суперлигата е и Бакари Сања, пораншниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити.
Французинот е разочаран од одлуката на 12. Европски клубови да формираат приватна лига само за поголема заработка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Окееееј…Мислам дека ќе престанам да гледа фудбал, тоа повеќе не е спортот кој го познавам“; порача Сања кој минатата година ја заврши кариерата, а во Премиер лигата играше од 2007 до 2017 година.
Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем, засега се клубовите кои официјално прифатија да бидат дел од лигата, се чека да се види кои ќе бидат следните клубови.