Дома Фудбал Англија Сања: Арсенал е циркуз

Сања: Арсенал е циркуз

Поранешниот играч на Арсенал не бираше зборови кога денеска на Скај Спорт го коментираше поранешниот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сања во Лондон помина седум години, одигра 285 натпревари а Топџиите, а смета дека моменталната ситуација во клубот е циркузантска.

„Се чини дека моменталната ситуација во клубот е циркуз. Не се знае кој го предводи клубот, кој ги донесува одлуките и се чини дека играчите немаат самодоверба на теренот.“ – изјави Сања и додаде:

„Не знаат кој ќе биде следниот тренер и тоа е многу лоша ситуација за клубот. Прво мора да пронајдат тренер кој ќе донесе стабилност во клубот бидејќи во последните сезони секогаш по крајот на сезоната заминувале играчи и веќе долго време истите играчи не остануваат подолго време заедно.“

Арсенал денеска на Емирати беше поразен од Манчестер Сити со 0:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како гром од ведро небо! Роналдињо повторно на теренот во 46. година, ќе игра во Италија!

Додека Светското првенство се одржува во САД, Мексико и Канада, пристигнува неочакувана ве…