Финансиските проблеми од пандемијата го погодија и еден од финансиски најстабилните европски клубови Баерн Минхен.
Баерн губи помеѓу 3 и 4 милиони евра на секој домаќински меч само поради фактот што нема фанови на стадионот, пренесува „Билд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа баварскиот гигант на лето ќе може да си дозволи само еден скап трансфер и тоа околу 40 милиони евра.
Фаворит на кој треба да бидат потрошени тие пари е дефанзивецот на Лајпциг, Дајот Упамекано, кој треба да биде замена за Давид Алаба, кој заминува како слободен агент.
Упамекано има откупна клаузула од 42,5 милиони евра и Баерн Минхен е спремен да ја плати, но треба да ја победи конкуренцијата.
Единствено со продажба на некои фудбалери Баварците можат да добијат дополнителен буџет за трансфери во летниот преоден рок.