Дома Трансфер зона Баерн ја одреди цената за двете свои ѕвезди!

Баерн ја одреди цената за двете свои ѕвезди!

Германскиот шампион Баерн Минхен е спремен да се раздели со Даглас Коста и Ренато Санчез ова лето и веќе ја одреди цената, пренесува добро информираниот „Билд“.

Баварците за слободата на 26-годишниот Бразилец бараат најмалку 40 милиони евра, а интерес за него покажуваат Јувентус, ПСЖ и клубовите од Манчестер.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Даглас Коста не е задоволен од статусот кој го има кај Карло Анчелоти и самиот побара да ја промени средината ова лето.

Што се однесува до Ренато Санчез, Баерн бара најмалку 35 милиони евра, истата сума која Баварците и ја платија минатото лето на Бенфика. Талентираниот Португалец не успеа да се наметне во првиот тим, па бара клуб каде ќе има поголема минутажа.

„Билд“ тврди дека Баерн е спремен да го пушти Санчез и на едногодишна позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …