Баерн Минхен сериозно се вклучи во трката за потписот на ѕвездата на Салцбург, Доминик Собослај.
20-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Најсилен интерес за Собослај покажуваше Милан, но сега во траката за неговиот потпис се вклучија Арсенал, Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Собослај има договор со Салцбург до 2025 година и откупна клаузула од 25 милиони евра, сума која нема да биде проблем за споменатите клубови.
Баерн веќе стапил во контакт со агентот на фудбалерот и сака да го донесе во Минхен во јануарскиот преоден рок.