Дома Топ вести Баерн спреми 100 милиони за „бисерот“ на Барселона

Баерн спреми 100 милиони за „бисерот“ на Барселона

18-годишниот фудбалер на Барселона, Педри е прогласен за „Златно момче“, односно најдобар млад фудбалер во Европа.

Педри импресионираше со своите настапи во дресот на Барселона и заработи место во шпанската репрезентација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Каталонците неодамна го „блиндираа“ со нов договор и откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Меѓутоа, Баерн Минхен е силно заинтересиран за Педри и подготвува „непристојна“ понуда до Барселона, која е во голема финансиска криза.

Според медиумите германскиот тим е подготвен да плати 100 милиони, плус на Педри ќе му понуди далеку поголема плата која ја има во Барселона.

Останува да се види како ќе реагира Барселона на ваквата понуда, иако мали се шансите да го продаде својот „бисер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…