Минхенски Баерн сака да ја прекине доминацијата на Реал и Барселона во Европа, а тоа подразбира значително засилување на тимот ова лето.
Тренерот Карло Анчелоти сака во своите редови да ја донесе ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез, кој сигурно го напушта „Емирати“ на крајот на сезоната.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Чилеанецот ги прекина преговорите со Арсенал за продолжување на договорот и го извести раководството дека сака да ја промени средината. Англиските медиуми тврдат дека Баерн е спремен да плати 40 милиони евра за неговиот потпис.
Претходно гермнаските медуми објавија дека Баварците на лето сакаат да го донесат играчот за врска на Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл и дека за него се спремни да платат 45 милиони евра.
Доколку навистина Баерн успее да ги реализира овие два трансфери тогаш ќе создаде вистинска „имерија“ во Германија и во Европа.