Дома Фудбал Лига на шампиони Баерн немаше милост и ја испрати Барселона во Лига Европа🎥

Баерн немаше милост и ја испрати Барселона во Лига Европа🎥

Баерн Минхен немаше милост против Барселона и ја елиминираше од Лигата на шампиони. Пласман во осминафиналето избори и Салцбург.

Баварците од самиот старт го контролира мечот, а Барселона во неколку наврати спорадично се закануваше.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Баерн дојде до предност во 36-та минута со голот на Милер, а пред полувремето Сане испрати проектил и зголеми на 2:0. Во вториот дел Муиала погоди за 3:0, што се покажа како конечен резултат.

Бенфика ја искористи шансата и уште во првото полувреме го реши прашшањето на победникот против Динамо Киев со головите на Јаремчук и Жилберто за второ место во групата.

Во директната пресметка Салцбург беше подобар од Севиља со 1:0 и се избори за пласман во осминафинале, додека шпанскиот тим ќе продолжи во Лига Европа.

Манчестер Јунајтед одигра 1:1 против Јанг Бојс во меч кој немаше резултатско значење за „црвените ѓаволи“. Другиот меч од оваа група ќе се одигра утре помеѓу Аталанта и Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…