Дома Топ вести Баерн Минхен го најде наследникот на Левандовски

Баерн Минхен го најде наследникот на Левандовски

Баерн Минхен покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите.

23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Нкунку е дете на ПСЖ и пристигна во Лајпциг во 2019 година, а оваа сезона на 39 меча постигна 26 гола и запиша 15 асистенции.

Баварците веруваат дека Французинот ќе биде долгорочен наследник на Левандовски, кој веќе влезе во фудбалска зрелост. Притоа, полскиот напаѓач се уште го нема продолжено договорот и може да биде продаден на лето.

Токму Нкунку е причината поради која Баерн размислува за продажба на Левандовски и во наредните денови ќе започне преговори со Лајпциг.

Конкуренцијата за неговиот потпис е огромна, а Лајпциг за неговата слобода бара 60 милиони евра, што нема да претставува проблем за Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гризман се повлече од репрезентацијата на Франција!

Францускиот напаѓач Антоан Гризман одлучи да се повлече од репрезентацијата на Франција на…