Челниците на Баерн Минхен се заинтересирани за двајца млади таленти од Премиер лигата во кого гледаат наследници за Мануел Ноер и Роберт Левандовски, пренесуваат островските медиуми.
Како што тврдат англиските медиуми, на пат кон Минхен може да тргнат 17-годишниот напаѓач на Тотенхем Тони Парот и 22-годишниот голман на Јунајтед, Дин Хендерсон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Парот важи за посебно голем талент. Со само 17 години тој дебитираше за сениорската селекција на Република Ирска, а во младинските категории тој едноставно е незапирлив.
Договорот на Парот со Тотенхем истекува во 2021 година и сигурно е дека лондонскиот тим ќе биде во големо искушение ако пристигне понуда од Минхен.
Како замена за Ноер можно е да пристигне голманот на Манчестер Јунајтед – Дин Хендерсон. Се работи за доста квалитетен голман кој моментално е на позајмица во Шефилд Јунајтед и кој се смета за иден број „еден“ за репрезентацијата на Англија.