Дома Трансфер зона Баерн го сака Французинот кој можеше да стане херој на Мундијалот

Баерн го сака Французинот кој можеше да стане херој на Мундијалот

Баерн Минхен одлучи – Рандал Коло Муани e првата мета за засилување во нападот.

Оваа вест денеска ја објави „Л’Eкип“ кој тврди дека Баерн веќе стапил во контакт со претставниците на фудбалер. Францускиот медиум тврди дека Коло Муани е приоритет на гигантот од Минхен иако неговиот договор со Ајнтрахт има важност до 2027 година.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Коло Муани неочекувано доби повик од Дидие Дешам по повредата на Кристофер Нкунку, а малку недостасуваше да стане херој на Французите откако влезе во 100% прилика во самата завршница од финалето против Аргентина.

Коло Муани штотуку наполни 24 години и пред него е веројатно најдобриот период во кариерата, а понуда од Баерн тешко се одбива. Сепак, нешто се прашува и неговиот клуб Ајнтрахт.

Французинот во Ајнтрахт летово пристигна како слободен играч од Нант и веднаш експлодираше во Бундеслигата со пет гола и 10 асистенции на 14 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…