БАЕРН не се откажува од доведување на Хари Кејн. Откако лондонскиот клуб одби околу 93 милиони евра, што беше втора понуда, Баерн подготви и трета.
Тоа е рекордно висока понуда од германскиот клуб и изнесува 100 милиони евра, пишува Дејли Мејл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најскапото купување на Баерн на сите времиња е Лукас Ернандез, донесен во 2019 година од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра.
Тие се подготвени да издвојат многу повеќе за играчот кој неодамна го прослави својот 30-ти роденден и е под договор само уште една сезона. Дејли Мејл наведува дека Тотенхем би можел да ја прифати понудата.
Кејн постигна рекордни 280 голови на 435 натпревари за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари.
Се очекува Баерн доколку се договори за трансфер со Тотенхем, на Кејн да му понуди четиригодишен договор. И покрај одличната голгетерска кариера, Кејн досега нема освоено ниту еден тимски трофеј.