Дома Фудбал Германија Баерн ги заостри мерките за Ковид, играчите не смеат ни да пазарат

Баерн ги заостри мерките за Ковид, играчите не смеат ни да пазарат

Баерн Минхен ќе ги заостри мерките и правилата за фудбалерите поради сериозните проблеми со Ковид 19 во последно време, пренесува „Билд“.

Баерн имаше пет позитивни фудбалер во исто време, што го постави тимот во деликатна ситуација и целиот тим мораше да биде во карантин.

Целиот тим ќе биде тестиран секој ден, за да бидат избегнати нови проблеми.

Сите планирани ивенти со медиумиски и спонзорски средби се замрзнати, а на фудбалерите нема да им биде дозволено ниту да пазаруваат. Тие ќе можат единствено да се движат од своите домови до тренинг базата и стадионот за натпреварите.

Во моментов во Баерн има двајца позитивни фудбалери кои се во изолација, Бенџамин Павард и Томас Милер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Неверојатен пресврт на Баерн, Левандовски го доби дуелот со Халанд 🎥

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларен натпревар кој на крајот им припадна…