Баерн е сигурно меѓу клубовите од кои најмногу се очекува во текот на летниот трансфер период.
Баварците до сега договорија три фудбалери чии трансфери се официјализирани денес и се претставени нивните броеви на дресовите. Од следната сезона дресот на баварскиот гигант ќе го носат Лукас Ернандез, Бенџамин Павард, но и Јан Фиет-Арп.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хернандез пристигна од Атлетико Мадрид и ќе го носи бројот 21, Павард ја задолжи 5 која ја носеше Матс Хумелс, додека Фиете-Арп го зеде бројот 15. Баерн планираше Фиете-Арп да биде член на екипата од сезоната 2020/21, но во меѓувреме ја променија својата одлука и големиот талент на германскиот фудбал уште од оваа сезона ќе настапува за големиот клуб.
Со оглед на тоа што шампионот на Германија остана без Робен и Рибери за очекување е во следниот период да има официјални засилувања и во офанзивниот дел од екипата.
?⚪ Servus beim #FCBayern!
2⃣1⃣ @LucasHernandez
5⃣ @BenPavard28
1⃣5⃣ Fiete #ArpJetzt einkleiden: https://t.co/X6PDF7SZgH #MiaSanMia pic.twitter.com/Aow8fXwrGm
— FC Bayern München (@FCBayern) July 1, 2019