Дома Фудбал Германија Баерн во големи проблеми пред дуелот со Реал!

Баерн во големи проблеми пред дуелот со Реал!

Карло Анчелоти и Баерн добија голем удар пред најважниот дуел во сезоната против Реал Марид во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Имено, Даглас Коста сигурно ќе го пропушти овој дуел. Бразилецот неодамна имаше хируршка интервенција на коленото, па се очекува подолг период на рехабилитација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тоа не е единствениот проблем за Анчелоти пред дуелот со својот бивши клуб, бидејќи повреда на стоплата заработи и Мануел Ноер, кој ги пропушти натпреварите од германската репрезентација.

Како што стои на официјалната страна на баварскиот клуб, Ноер имал мала операција, поради која сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Аусбург и Хофенхајм, а под знак прашалник е и неговиот настап против Реал, кој е закажан на 12-ти април.

Доколку Ноер не успее да се опорави за дуелот против „кралевите“ тоа сигурно ќе биде голем хендикеп за Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…