Дома Македонски спорт Бабунски: Се што се случило досега треба да биде лекција, не сме во ситуација да потценуваме никого

Бабунски: Се што се случило досега треба да биде лекција, не сме во ситуација да потценуваме никого

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за натпреварот со Фарски Острови кој го играме во Торшван за два дена.

За избраниците на Благоја Милевски тоа ќе биде прв натпревар од новото издание во Лигата Нации. Еден од нашите фудбалери кои во клубовите играат во најдобра форма е Давид Бабунски од Данди Јунајтед, кој смета дека не смееме да ја потцениме селекцијата на Фарски Острови.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Се што се случило досега треба да ни служи како лекција и да станеме подобри како екипа. Мислам дека не сме во позиција да потценуваме ниту еден противник, посебно ако видиме како се развива фудбалот денес. Мораме да ги почитуваме тие некои основни принципи, одговорност, тактичка дисциплина…доколку тоа го исполниме нашиот квалитет би можел да ни овозможи да направиме разлика и да победиме“, изјави Бабунски.

Задоволен е од својот почеток во Данди.

„Во Данди одлично започнав и се чувствувам дека сум во добра форма, тука сум да се ставам функција на екипата. Како и секогаш ќе дадам се од себе“.

Физичката спремност според Бабунски не треба да биде проблем во овој момент

„Сместам дека сега се физички спремни, доаѓаме по припеми за сезоната и е почеток на сезоната, па мислам дека не би требало да имаме проблем во тој физички дел“, истакна Бабунски.

Три дена по натпреварот со Фарски Острови, Македонија на домашен терен ќе ја пречека Ерменија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ИХФ ги одреди термините во кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Светското ракометно првенство кое следи во машка конкуренција ќе се игра во Хрватска, Норв…