Давид Бабунски ги продолжи добрите настапи на македонските фудбалери во Шкотска откако денеска беше стрелец за Данди Јунајтед во ремито со Рос Каунти во рамките од второто коло.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бабунски во листата на стрелци се запиша на почетокот на второто полувреме кога донесе предност за својот тим. Сепак, Рос Каунти до крајот на средбата стигна до реми.
За Бабунски ова беше прв гол во шкотската Премиер лигата, а еднаш беше стрелец и во купот.